ЛОИ – ВАТЕРПОЛО: Шпанија спречи изненадување против САД

Репрезентацијата која покажа досега најмногу на машкиот ватерполо турнир на Летните олимписки игри во Токио, Шпанија успеа да спречи изненадување во четвртфиналниот натпревар проти САД добивајќи го со 12-8.

Иако на крајот изгледа како рутинска победа, Шпанците три четвртини имаа големи проблеми против Американците кои се предводени од поранешниот селектор на Србија, Дејан Удовичиќ.

По три одиграни периоди резултатот на семафорот изнесуваше 7-6 за Шпанија, но со одличната последна четвртина успеаја да стигнат на само чекор до една од медалите на игрите во Токио.

Даниел Пинедо Лопез повторно беше неверојатен на голот на Шпанија со десет одбрани, додека по два гола постигнаа Ортега Гранадос, Мунариз и Бернат Санахуја. Кај Американците три гола постигна Хан Даубе.

Во полуфиналето Шпанија го очекува подобриот од мега дуелот меѓу Србија и Италија.

Се вчитува...