Женската ватерполо репрезентација на Унгарија ја совлада селекцијата на Русија со 11-9 (3-2, 5-3, 0-3, 4-1) и освои бронзен медал на Олимписките игри. САД и Шпанија ќе се борат за златото и престолот.
Головите за Унгарија ги постигнаа Ванда Валви три, Рита Илјеш два, Грета Гурисати, Габријела Шуц, Ана Илјеш, Наташа Рубинска, Кристина Гарда и Алда Машари по еден. На листата стрелци кај Русија се запишаа Екатерина Прокофеева, Анастасија Симонович и Надежда Глижина по два, Елвина Каримова, Алена Серженетова, Ана Тмофеева со по еден постигнат гол.
Унгарците одлично го започнаа натпреварот, но кога во текот на втората половина поведоа со 7-3, мислеа дека се е готово, следуваше залетот на руските одбојкарки, кои покажаа дека знаат како да го казнат тоа, па по серија од 5-0 поведоа со 8-7.
Следуваше кратка пауза, во пресрет на последната четвртина, која се покажа како одлична за унгарскиот тим. Критиките на тренерот успеаја да ги разбудат Унгарките, кои се освестија од длабокиот сон, тие го запреа налетот на Русија, па со мини серија од 2-0 успеаја да стигнат до водство од 9-8.
На пет минути пред крајот Ана Тимофејева погоди за 9-9. Следеше војна на нерви. Ана Илјеш беше прецизна за 10-9. Двете селекции промашија два напади, а Аида Маѓари стави точка на натпреварот.
Во другите натпревари, Австралија ја победи Холандија со 14-7 во борбата за петтото, а Канада беше подобра од Кина со 16-7 во борбата за седмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА