Лојалниот Тен Хаг: Фала за понудите, но мене ми е супер во Ајакс

Ерик Тен Хаг приреди низа сензации со тимот на Ајакс, што придонесе сериозен интерес за холандскиот стратег да покажат гиганти како Баерн Минхен и Барселона. Сепак, тој останува скромен и лојален, јасно ставајќи до знаење дека својата иднина ја гледа во клубот со кој сезонава е на чекор до двојна круна во холандскиот фудбал.

Секако дека интересот годи. Им благодарам на сите што сакаат да ме доведат, но мене ми е супер во Ајакс. Имам договор со клубот, уживам во работата, со нетрпение ја очекувам новата сезона и предизвиците што ќе ги донесе. За мене нема дилеми, останувам во Ајакс за да ги браниме трофеите што ќе ги освоиме сезонава“ – истакна Тен Хаг.

Френки де Јонг се сели во Барселона, по неговите стапки речиси сигурно ќе тргне и капитенот Де Лихт, а најавено е и заминување на Зијеш, Нерес и Ван де Бек. Токму тоа ќе биде предизвикот пред Тен Хаг, со значително променет состав да го повтори овосезонскиот успех.

Се вчитува...