Неколкуте одлични настапи во дресот на Полска на изминатиот Евробаскет беа доволни за Џордан Лојд да си осигура нов трансфер во Евролигата, па се очекува американскиот поентер во следните 48 часа да го комплетира трансферот во редовите на Анадолу Ефес.
Лојд е под договор со Монако, но од овој клуб јасно му ставија до знаење да не се надева на преголема минутажа во следната сезона. Токму поради ова поранешниот ас на Макаби и Црвена Звезда беше решен да си замине летово, а одличните настапи на Евробаскет 2025 само ја кренаа неговата цена на пазарот.
Реал Мадрид беше првиот гигант што покажа сериозен интерес, но „кралевите“ не ги прифатија барањата на Лојд, како и на раководството на Монако кое бараше отштета за полскиот репрезентативец.
Шпанците се повлекоа, но затоа челниците на Ефес експресно ги договорија сите детали и со Лојд и со Монако, па веќе нема никаква пречка за преселбата на одличниот крилен кошаркар во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

