Локатели се поблиску до Јувентус

Речиси целиот трансфер период трае сагата за преминот на Мануел Локатели од Сасуоло во редовите на Јувентус, но изгледа дека работите конечно се расчистуваат и двата клуба се блиску до прифаќање на цената за услугите на Италијанецот, пренесуваат италијанските медиуми.

Локатели имаше одлична претходна сезона, а добрата форма ја пренесе и на Европското првенство каде со Италија стигна до титулата шампион на Европа со што го привлече вниманието од гигантите на „стариот континент“. За неговите услугите интерес покажаа и Арсенал и Баерн Минхен, но желбата на 23-годишникот е да остане на „Чизмата“.

Неговиот трансфер се проценува на околку 40 милиони евра и истиот се очекува да биде комплетиран во крајот на оваа недела. Со Локатели, Јувентус ќе добие нова стабилност во средината на теренот, а по неговиот потпис се очекуваат и неколку заминувања од „старата дама“.

Се вчитува...