Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го доживеаја најтешкиот пораз сезонава во руската ВТБ лига, откако во второто коло од главната фаза на домашен терен беа декласирани од Локомотив Кубањ со 70-13.
Натпреварот почна израмнето, а по десет минути игра гостите имаа предност од плус три (22-25). Следеше голем пад на кошаркарите на Уникс Казањ, а сето тоа го искористи тимот од Кубањ за на пауза да замине со двоцифрена предност (34-48). До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 70-103.
Димитријевиќ одигра солиден натпревар кој го заврши со девет поени и четири асистенции. Најефикасен во победничкиот табор беше Џејлен Барфорд со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА