Кошаркарите на Уникс Казан го претрпеа четвртиот пораз во последните пет натпревари во ВТБ лигата откако загубија на гостувањето кај Локомотив Кубањ со 78-70. Клучна за победата на домашниот тим беше последната четвртина во која негативата од три поени успеаја да ја претворат во двоцифрена предност со серија од 13-0.
Македонскиот интернационалец имаше скромен учинок на денешниот натпревар во кој забележа шест поени при реализација 1/5 од поле и 4/6 од линијата за слободни фралња, а додаде и две асистенции пред да го заврши натпреварот со пет лични грешки.
И покрај лошата серија на натпревари, Уникс останува на втората позиција на табелата со три победи повеќе од третопласираниот Зенит кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА