Локомотив Кубан преку голема драма до „брејк“ во серијата против ЦСКА на Рајковиќ

Локомотив Кубан ја изедначи полуфиналната серија во ВТБ лигата со ЦСКА Москва на нашиот Емил Рајковиќ на 1-1 откако во драматичен натпревар успеа да стигне до гостинска победа од 83-84.

Натпреварот беше решен во последните секунди и тоа по грешките на кошаркарите на ЦСКА Москва. На „армејците“ им припаднаа двата последни напади при резултат 83-84, но прво по лошо додавање на Швед, Жан-Шарл не успеа да ја исконтролира топката во рекетот за лесни поени.

Топката излезе во аут, но остана во посед за ЦСКА Москва која имаше 5.1 секунда да упати обид кон противничкиот кош за победа. За жал избраниците на Рајковиќ не успеаја да шутнат па на победа се радуваа кошаркарите на Локомотив Кубан кои следниот натпревар го играат на домашен терен.

Се вчитува...