Младиот фудбалер Фета Фетаи и официјално е нов член на Локомотива Загреб. 18-годишниот фудбалер од средниот ред од Работнички се сели во редовите на хрватскиот клуб, каде ќе има шанса да се докаже во овој шампионат.
Минатата сезона Фетаи запиша 13 настапи во Првата лига на Македонија. Тој е редовен член на репрезентацијата до 18 години на Македонија.
Работнички пред неколку дена го обелодени трансферот, а сега Локотмовиа Загреб го промовираше младиот фудбалер за свој нов член.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА