Украинецот Васил Ломаченко го победи Кубанецот Гиљермо Ригондо во историскиот прв професионален меч на двајцата поранешни олимписки шампиони што се одржа во Њујорк.
Мечот со кој се испишува нова страница во професионалниот бокс, заврши во шестата рунда во која Кубанецот се предаде. Ломаченко доминираше уште од почетокот на борбата против Ригондо за кого се покажа дека скокот од две тежински категории е преголема пречка. За Кубанецот ова е прв пораз во кариерата и тој е четврти боксер по ред што му предал меч на Ломаченко.
Со десетата професионална победа, Украинецот ја одбрани титулата светски шампион во велтер категорија во ВБО верзија.
„Ова не е голема победа бидејќи разликата беше евидентна. Тој е добар борец, технички силен, но јас лесно се приспособив, ја водев борбата и беше само прашање на време кога ќе ја завршам“ – изјави Ломаченко кој е олимписки шампион од Пекинг и од Лондон.
Неговиот противник Ригондо беше шампион на ОИ во Сиднеј и на ОИ во Атина и е актуелен светски шампион во батам категорија во ВБА верзија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА