Вечерва на „Вембли“ во Лондон ќе се сретнат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.
Лондон е обоен во црно-жолтите бои на Борусија Дортмунд, откако повеќе од 150.000 фанови на германскиот тим пристигнаа во последните два дена во британската престолнина да бидат сведоци на големото финале.
„Кралевите“ ќе се обидат да стигнат до 15. европска круна, а „милионерите“ имаат само еден трофеј во елитното европско клупско натпреварување. Сепак, целото шоу барем засега го украдоа фановите на Борусија Дортмунд кои дефинитивно му дадоа посебен шмек на Лондон.
Borussia Dortmund fans in London.pic.twitter.com/55tHSa0B13
— ikonik (@IkonikFCB) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА