Лондон ги чека „осумте величенствени“, Ѓоковиќ и Федерер носители на групите

Тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи групата „Густаво Куертен“ во која се уште и Александар Зверев, Марин Чилиќ и Џон Иснер, а Роџер Федерер е носител на конкуренцијата „Лејтон Хјуит“ во која уште ќе се борат и Кевин Андерсон, Доминик Тим и Кеи Нишикори.

Вака реши ждрепката за двете групи на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во годината кој од 11 до 18 ноември ќе се одржува во Лондон. Според системот на натпреварување, најдобрите двајца од двете конкуренции одат во полуфиналето.

Непосредно пред извлекувањето на групите, Рафаел Надал се повлече од турнирот, му овозможи учество на Џон Иснер, а уште поважно ги раздвои Ѓоковиќ и Федерер во различни групи. Со ова големите фаворите не можат да се сретнат пред полуфиналето.

 

Се вчитува...