Плејмејкерот на Чикаго булс, Лонзо Бол по повеќе од 1.000 дена повторно би можел да заигра во дресот на Чикаго Булс. Бол последниот меч пред повредата го одигра на 22. јануари 2022 година за Чикаго. Оттогаш поминаа речиси три години и три операции на коленото.
Според информациите со кои располага „EСПН“, Бол е подготвен да се врати на паркетот веќе во среда кога Булс ќе одиграат претсезонски натпревар против Минесота тимбервулфс.
Кошаркарот кој беше драфтан во 2017 година влезе во последната година од четиригодишниот договор со Булс вреден 85 милиони долари. За работите да бидат побизарни, тој досега одигра само 35 натпревари за Чикаго. Доколку игра против Минесота, Бол ќе го одигра првиот натпревар по 1.006 дена отсуство од теренот.
Лонзо Бол во кариерата има просек од 11,9 поени, 5,7 скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА