Лопетеги: Дали ќе останам не зависи од мене

Реал Мадрид ја прекина серијата порази со вечерашниот триумф над Плзен, но „кралевите“ повторно одиграа под своето ниво, на моменти заслужено добивајќи свирежи од своите фанови на „Сантијаго Бернабеу“. Јасно е дека триумфот воопшто не го намалува притисокот врз Хулен Лопетеги, за кого е неизвесно дали ќе остане да го води тимот на претстојното дерби со Барселона закажано за недела.

„Дали ќе останам? Тоа јас не можам да одговорам, бидејќи не зависи од мене. Она што можам да кажам дека мојот план е од утре да почнам со подготовки за Барса, доколку некој друг не реши поинаку. Штета е што влеговме во нервозен финиш бидејќи имавме доволно шанси да постигнеме уште неколку погодоци, а потоа примивме гол пред крајот и си ја искомпликувавме работата. Очигледно е дека се соочуваме со криза, пред се во реализација на шансите, но сите работиме напорно за тоа да биде надминато“ – истакна Лопетеги.

Се вчитува...