Европскиот првак Реал Мадрид со пораз (1-2) од Манчестер јунајтед ја стартуваше ерата без Кристијано Роналдо во својот состав. Овој дуел се одигра на Флорида, во рамките на Интернационалниот куп на шампионите.
Новиот тренер Хулен Лопетеги имаше неуспешно деби, а во нападот на местото на Роналдо му даде шанса на младиот Винициус, заедно со Бензема и со Бејл.
Манчестер јунајтед поведе со головите на Алексис Санчез и на Андер Херера, а Реал Мадрид возврати преку Бензема на самиот истек на првиот дел. Сепак, победата им припадна на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА