Хулен Лопетеги отворено проговори за неисполнетите ветувања од челниците на Вулверхемптон, кои продолжуваат со распродажба на клучните играчи во тимот.
Шпанецот пристигна на средина од ланската сезона, успеа да обезбеди опстанок во Премиер-лигата и очекуваше „волците“ да тргнат во офанзива по нови фудбалери. Наместо тоа, Вулверхемптон ги продаде Невеш, Коуди, Колинс и Хименез за над 80 милиони фунти, а во меѓувреме беше ангажиран само десниот бек Мет Доерти, и тоа како слободен играч.
„Да бидам искрен, многу сум разочаран од она што се случува. Кога доаѓав ми беше речено дека треба да го обезбедам опстанокот, по што ќе имам буџет за трошење. Сега го гледам сосема спротивното, се продаваат играчи, не доаѓа ниту еден нов, а згора на тоа постојат најави дека ќе продадеме уште тројца фудбалери од актуелниот играчки кадар. Ова воопшто не е она за што се договоривме кога пристигнував во клубот“, изјави Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

