Алваро Одриозола е желбата на Хулен Лопетеги за засилување на одбранбената линија на Реал Мадрид, па „кралевите“ повторно ги активираа преговорите со Реал Сосиедад за комплетирање на трансферот на 22-годишниот десен бек.
Овој играч, кој по потреба може да настапува и на крилната позиција, се наоѓаше и на листата со желби на Зинедин Зидан пред заминувањето на Французинот од „Сантијаго Бернабеу“. Лопетеги му даде шанса на Одриозола во шпанската репрезентација, вклучувајќи го и во списокот на патници за Русија, но членот на Реал Сосиедад ги проследи средбите од клупата не добивајќи можност да ги покаже своите квалитети од Фернандо Јеро.
Двата клуба повторно почнаа да преговараат по завршувањето на настапот на Шпанија на овој светски шампионат, а Реал Мадрид е подготвен да ја плати клаузулата од 40 милиони евра за Одриозола што поскоро да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА