Европскиот клупски првак Реал Мадрид е заинтересиран за шпанскиот репрезентативец Родриго Морено од редовите на Валенсија. Новиот тренер на „кралскиот клуб“, Хулен Лопетеги, е голем фан на младиот напаѓач и посакува да го има во тимот за претстојната сезона. По заминувањето на Роналдо, јасно е дека Реал Мадрид ќе донесе нова голема ѕвезда, а се споменуваат и имињата на Еден Азар и на Килијан Мбапе.
Валенсија нема така лесно да се откаже од услугите на Родриго. „Лилјаците“ бараат 120 милиони евра отштета за да му дозволат тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Родриго вели дека во моментот е фокусиран единствено на Валенсија.
„Моите планови се врзани со Валенсија. Имавме одлична сезона, а јас се чувствувам како важен дел од тимот. Ќе имаме голем предизвик со настапот во Лигата на шампионите“, изјави Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА