Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпански селектор Хулен Лопетеги би можел да седне на клупата на фудбалската селекција на САД. По неуспехот за настап на СП во Русија, од кормилото си замина Брус Арена, а за привремен селектор беше именуван Дејв Сарахан. Меѓутоа и под негово раководство, фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави продолжи со слаби резултати и порази на пријателските натпревари против Англија и против Италија.
Лопетеги би бил одлично решение за нов селектор на САД, а според тамошните медиуми и тој изразил желба да биде дел од новиот американски фудбалски проект.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА