Поранешниот шпански селектор Хулен Лопетеги конечно го отвори срцето околу кусиот престој во Реал Мадрид. Тој смета дека периодот што бил на кормилото на „кралевите“ не бил доволен за да ја наметне својата стратегија на работа.
„Имавме добар старт, тимот играше добро, но потоа влеговме во криза. Имавме многу лоши три седмици. Во таков случај се надевате дека тимот брзо ќе ја преброди таа ситуација и ќе се врати на успесите. Сепак, мислам дека не добив доволно време за да влијаам позитивно“, изјави Хулеп Лопетеги.
„Кралевите“ во моментот се на второто место на табелата во Ла Лига со шест бода заостанување зад Барселона, а направија голем чекор напред кон четвртфиналето на ЛШ со триумфот на гости против Ајакс (1-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА