Лопетеги не ги сака „милионите“ од Ал Итихад, ќе чека нова шанса во Англија

Во изминатите месеци бевме сведоци на многу фудбалски имиња кои одбиваат да одат во Саудиска Арабија, и покрај тоа што добар дел од звучни фудбалери се решија да одат во клубовите во оваа земја.

Сега се почесто и тренери одбиваат да седнат на клупите на клубовите од С.Арабија. Еден од нив е Жулиен Лопетеги, тренерот кој остана без работа откако доби отказ од Вулверхемптон.

Лопетеги наводно ја одбил понудата од Ал Итихад да го замени Нуно Еспирито Санто, кој доби отказ по слабите резултати. Меѓутоа Шпанецот ја одби можноста со оглед дека неговата цел е да води клуб од Премиерлигата, или од шпанската Ла Лига.

Се вчитува...