Лопетеги не сака да си оди: Ова е голем удар, но имам сила да продолжам

Реал Мадрид доживеа дебакл, загуби со 5-1 од Барселона на „Камп Ноу“, но тренерот Хулен Лопетеги не мисли сам да си замине. Вели дека „кралскиот клуб“ добил голем удар од вечниот ривал, но тој има сила да продолжи и да го исправи бродот кој тоне.

„Ова е тежок пораз, голем удар за нас како тим, и како клуб. Но, мислам дека резултатот не ја отсликува реалната слика на натпреварот. Имавме момент кога можевме да се вратиме, на 2-1 не реализиравме две одлични шанси, и мислам дека тоа беше пресудно. Потоа примивме голови кои не смеевме да си ги дозволиме. Тажен сум, но имам сила да продолжам. Ќе работиме напорно, се уште сме во месец октомври, и има многу до крајот на сезоната“, изјави Хулен Лопетеги.

Реал Мадрид по овој пораз се наоѓа на деветтата позиција на табелата во Ла Лига, со 14 освоени бода, и поблиску е до зоната за испаѓање (6 бода), отколку до лидерот Барселона (7 бода).

Најавите се дека Хулен Лопетеги сепак нема да остане на клупата на „кралскиот клуб“ и веќе се подготвува неговиот наследник.

Се вчитува...