Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги целосно ја има поддршката на Шпанската Фудбалска Федерација, па овој стручњак денеска потпиша нов двогодишен договор како селектор на „црвената фурија“. Актуелниот договор на Лопетеги истекуваше со завршувањето на мундијалот во Русија, но челниците на шпанскиот фудбал јасно ставија до знаење дека сакаат тој да продолжи да ја води репрезентацијата, продолжувајќи ја соработката без оглед на резултатот што „фуријата“ ќе го оствари на ова СП.

Сакам да им се заблагодарам на федерацијата и на претседателот што покажаа доверба во мене. Фокусирани сме на мундијалот, но фактот дека се има доверба во стручниот штаб секогаш е позитивен“ – изјави Лопетеги по потписот на договорот.

Тој предизвика бурни реакции со изборот на 23-те фудбалери за СП во Русија, но смета дека такви работи секогаш се случуваат пред големите натпреварувања.

Моја работа е да ги изберам оние што ги сметам за најдобри за тимот. Нормално е да има луѓе кои не се согласуваат, тоа е дел од мојата работа“ – истакна кормиларот на „црвената фурија“.

Се вчитува...