Лопетеги: Повторно би го одбрал Реал Мадрид пред Шпанија

Поранешниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги, е категоричен дека не жали за својата одлука да стане тренер на Реал Мадрид , поради што беше отпуштен од фудбалска федерација неколку дена пред почетокот на Светското првенство во 2018 година тренерот помина само 14 натпревари на чело на „кралевите“ во сезоната 2018/19.

Лопетеги по тој потег, веднаш доби отказ од селектор на Шпанија, меѓутоа не се задржа долго на клупата на „кралевите“.

„Не знаеме што ќе се случеше ако продолжев со националниот тим. Мислам дека се забавував како дете и дека тоа беа две прекрасни и историски години, но за жал, оваа одлука на федерацијата не спречи да го оствариме сонот на толку многу Шпанци, вклучително и нас самите. Дали се каам што ја прифатив понудата на Реал Мадрид? Ако треба да го вратам времето назад, би го направила истото, затоа што така ми кажуваше совеста, и мислев дека ќе биде добро да посапам така. Беше толку едноставно да се игра Светското првенство со репрезентацијата, а потоа федерацијата не го прифати тоа повеќе за мене“, изјави Лопетеги.

„Ме избркаа во миговите кога бевме седум бодови зад Барселона, а на крајот таа разлика изнесуваше 19“, рече шпанскиот тренер.

Се вчитува...