Лопетеги реши: Бразилецот вреден 45 милиони евра ќе игра за младинците на Реал

Реал Мадрид пред две години го осигура потписот на Винициус, кој летово на 18-годишна возраст пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, но очигледно се уште е предалеку од прекарот „Новиот Нејмар“ што му беше даден во татковината. Тренерот Лопетеги му даваше шанса на крилниот офанзивец во текото на подготовките, но не беше премногу импреиониран, па Винициус не одигра ниту една минута на првите две средби од новата сезона, Супер-купот со Атлетико Мадрид и мечот од „Ла Лига“ со Хетафе.

Медиумите веднаш почнаа со шпекулации околу иднината на младиот Бразилец, па Лопетеги беше принуден час поскоро да донесе одлука за да не го зголемува притисокот врз Винициус.

„Винициус џуниор ќе настапува за Реал Мадрид Б, тим што го води Сантијаго Солари. Тој дел од тренинзите ќе ги минува со првиот тим“ – соопштија од „кралскиот клуб“.

Се очекува Винициус да настапува за Реал на натпреварите од Купот на Шпанија, но јасно е дека оние 45 милиони евра платени за неговиот транссфер не се планира да почнат да се враќаат како инвестиција од оваа сезона.

Се вчитува...