Шпанија мора да победи во Скопје во намерата да го освои првото место во групата за пласман на мундијалот во Русија, па селекторот Хулен Лопетеги очигледно не бира средства. Тој истакна дека теренот на „Филип Втори“ е со лош квалитет, а за време на тренингот на својата селекција, отиде лично тоа да им го потенцира и на судиите на утрешниот меч, предводени од главниот делител на правдата, Павел Гил од Полска.
Ѕвездите на „црвената фурија“, предводени од Андрес Иниеста, Диего Коста, Давид Силва, Серхио Рамос, Жерар Пике, Серхио Бускетс…и сите останати, го почувствуваа теренот на нашиот најголем стадион, каде на 8.август ќе се игра и Суперкупот на Европа. Секако, Шпанците сакаат да направат и своевиден притисок во пресрет на утрешниот меч. Веруваме дека за овој потег ќе добијат и големи свирежи од македонската публика.
[new_royalslider id=”683″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА