Реал Мадрид го тресе резултатска криза, можеби и најголема во последните десет години. „Кралевите“ немаат постигнато гол повеќе од 5 часа, а тоа не се случило од сезоната 2006/07 кога тренер беше Фабио Капело. Незадоволството кај фановите расте, а не му е нималку пријатно ниту на претседателот Флорентино Перез.
По заминувањето на Зинедин Зидан, тој го избра Хулен Лопетеги за нов шеф на стручниот штаб, но стратегот не се прослави на стартот од својата одисеја на „Сантијаго Бернабеу“. Лопетеги има најслаб старт од сите тренери во ерата на Перез.
Во последните десет мечеви во сите конкуренции, Реал Мадрид има ефект од пет победи, две ремија и три порази, со гол – разлика 17-11, односно вкупно 17 освоени бода. Тоа е послабо и од ефектот на Жозе Мурињо и на Карло Анчелоти, кои освојуваа по 19 бода на десет натпревари. Очигледно дека и заминувањето на Кристијано Роналдо си го зема данокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА