Хулен Лопетеги имаше победничко деби во „Примера“ како тренер на Реал Мадрид, откако „кралевите“ вечерва рутински ја оправдаа фаворитската улога против Хетафе (2-0).
Куртоа остана на клупата за резерви заедно со Варан и со Модриќ, но Реал и во нивно отсуство доминираше на теренот. Бејл при првата шанса ја затресе гредата, а првиот гол во 20. минута го постигна Карвахал по една слаба интервенција на гостинскиот голман. Дилемите околу победникот во второто полувреме ги разреши Герет Бејл, за при резултат 2-0 Асенсио да бие силно само во рамките од голот на Хетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА