Мајкл Антонио преживеа тешка сообраќајна несреќа. Се поставува дури и прашање дали повторно ќе може да игра фудбал, но тренерот на Вест Хем, Хулиен Лопетеги е оптимист, нагласувајќи дека опоравувањето оди добро.
По тој повод шпанскиот тренер изјави дека разговарал со напаѓачот кој во моментов се чувствува добро.
„Ќе го посетиме денеска или утре. Но, најважно е што тој добро се опоравува по несреќата, што е вистинско чудо. Ние сме со него и неговото семејство и му посакуваме се најдобро во наредните денови. Најдобро е што може да разговара со нас и разговараше пред мечот со Волвс“, изјави Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

