Лопетеги: Во Англија се игра различно, ова ми беше најтежок предизвик во кариерата

Менаџерот на Вулверхемптон Јулен Лопетеги изјави дека спасувањето на тимот од Премиерлигата му било најтешкиот предизвик во кариерата. Лопетеги го презеде тимот кога тимот беше последен, а сега го зазеде 13. место со 40 бодови и со 10 бодови од опасната зона.

Лопетеги кажа дека англискиот фудбал има многу поразличен ритам од шпанскиот, и дека е среќен поради тоа што успеал во својата цел.

„Адаптацијата кон англискиот фудбал бара време, дури и ако тимот е од висока класа. Ритамот е сосема различен. Нашиот клуб има интересна структура. Добри сме во секој поглед, искуството е фантастично. Нашата цел беше да останеме во Премиерлигата. Ситуацијата беше комплицирана. Дојдов кога бевме последни и по 16 одиграни натпревари ја остваривме целта на три меча до крајот на сезоната. Среќен сум, затоа што тоа не беше лесен предизвик“, рече Лопетеги.

Се вчитува...