Бурни се овие 48 часа за Хулен Лопетеги, откако овој стратег потпиша договор со Реал Мадрид, по што во текот на вчерашниот ден доби отказ од функцијата селектор на Шпанија. Тој вчера максимално разочаран се врати назад во татковината, за денеска да ја има и официјалната промоција како нов предводник на актуелниот првак на Европа.
„Вчера ми беше втор најтажен ден во животот, по смртта на мојата мајка. Денеска ми е најсреќниот, станувам тренер на најголемиот клуб во Европа. Предизвикот е огромен, но јас никогаш не сум се плашел од работа, се чувствувам подготвен за него“ – изјави Лопетеги.
Претседателот Флорентино Перез остро го нападна претседателот на Шпанската Фудбалска Федерација, Луис Рубиалес, поради одлуката да го отпушти Лопетеги на само два дена пред премиерниот мундијалски дуел со Португалија.
„Се беше направено согласно правилата. Се договоривме со Лопетеги за неколку часа и побрзавме да објавиме за да престанат шпекулациите. Размислувањето на Рубиалес не е логично за 21. век, тој не ги поседува селекторите“ – истакна Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА