Лоптеги е минато, Вест Хем Јунајтед бира помеѓу четири тренери

Резултатската криза и скромните четири победи на 14 натпревари во Премиерлигата веројатно ќе донесат промена на тренерската позиција во Вест Хем Јунајтед каде пред отказ е Хулен Лопетеги.

Шпанецот не ги оправда очекувањата, очајните „чекичари“ се на 14. позиција на табелата со 15 освоени бодови, поблиску до елиминациската зона отколку до исполнување на целата – нов излез во Европа па неговите денови се броени, пренесуваат англиските медиуми според кои постојат четири кандидати за негов наследник.

Највисоко на листата на желби е Грем Потер, а по него следат Серхио Консисао, Един Терзиќ и Каспер Хјулманд. Од нив првите тројца се без ангажман.

Потер последниот ангажман го имаше во Челси во април 2023 година, Консисао како последен клуб го предводеше Порто, Терзиќ беше на клупата на Борусија Дортмунд со која стигна до финалето во Лигата на Шампиони, додека Хјулманд е селектор на Данска.

Се вчитува...