Капитенот на Арсенал, Лоран Кошиелни начелно се договорил со раководството на францускиот прволигаш Рен. Тој има уште една година од договорот со „топчиите“, но инсистира на трансфер и одби да замине со тимот на Арсенал на претсезонската турнеја. Неговиот агент во наредните денови ќе се обиде да издејствува спогодбено раскинување на договорот со „топчиите“ по што треба и официјално да потпише за Рен.
Кошиелни се враќа на фудбалот по тешката повреда на Ахиловата тетива. Тој игра за Арсенал од 2010 година, има 255 настапи и 22 постигнати гола. Во Франција беше дел од Генгамп, Турс и Лориен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА