Лоранд Ѓоши од Косово е победник на „ИКАС 2022“ пред Македонецот Ангел Петрушев

Лоранд Ѓоши од Косово е победник во дисциплината К1 на 53. издание од Меѓународниот натпревар во кајак, „ИКАС 2022“ кој викендов се одржа на Матка.

Ѓоши во најатрактивната дисциплина победи пред македонскиот кајакар Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ од Велес, а трет заврши Србинот Милош Јевтиќ во конкуренција на десет натпреварувачи во К1. Во оваа дисциплина понатаму следеа Борче Мирчевски од ККК Бабуна од Велес, Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ од Велес и Огњен Димитријевиќ од Србија.

Во женска конкуренција во К1 триумфираше Ангела Димова од КК Бабуна од Велес, пред Олгица Мелова од КК Просек од Демир Капија и Гркинката Евангелија Каната.

Во Кану, победи Гркот Панајотис Зисекас во машка конкуренција, а во женска конкуренција во кану единствена натпреварувачка беше Гркинката Георгија Мороу.

„И покрај ограничувањата што ги имаме поради пандемијата успеавме да поканиме голем број учесници и успешно да го заокружиме ИКАС 2022, продолжувајќи ја оваа прекрасна традиција. Имавме натпреварувачи од Косово, Грција, Србија, БиХ, Македонија“  – истакна претседателот на Кајакарската федерација во Македонија, Дрилон Леши.

Се вчитува...