Лорд Себастијан Коу останува на чело на ИААФ

Лордот Себастијан Коу останува на чело на Меѓународната аматерска атлетска федерација ИААФ. Тој на самитот во Будимпешта, место кое од сабота ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика доби нов мандат.

Коу на оваа позиција е од 2015 година кога го доби својот прв мандат, а во овие осум години тој помогна атлетиката да се крене на уште едно повисоко ниво.

Според правилата на ИААФ, ова ќе биде и последен мандат на Коу, бидејќи регулативите не дозволуваат еден ист претседател да остане на функцијата подолго од три мандати,

 

Се вчитува...