Лорел Хабард од Нов Зеланд ќе биде првата трансродова спортистка на ЛОИ

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) потврди дека трансородовата спортистка Лорел Хабард ќе биде дел од Летните олимписки игри во Токио и ќе го претставува Нов Зеланд во кревање тегови.

Новозеланѓанката е родена под името Гевин, а промена на полот имала пред девет години. Таа ќе биде првата трансродна спортистка која ќе настапи на едни Олимписки игри и ќе биде дел од категоријата +87 килограми во кревање тегови.

„Правилата се донесени пред него што почнаа квалификациите. Тие правила мора да се применуваат и невозможно е да се менуваат во тек на еден олимписки циклус“, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах. 

Условот кој што беше пропишан, а тоа е 12 месеци пред игрите да нема ниво на тестостерон над 10 наномола, Хабард го исполни.

Се вчитува...