Францускиот тренер Лорен Блан е нов тренер на Лион, објави клубот вечерва. Блан на клупата на тимот ќе го замени Питер Бос кој што поднесе оставка после ремито со Тулуз 1:1.
Блан и Лион потпишаа договор до јуни 2024 година. Во досегашната кариера тој ги водеше Бордо и ПСЖ, а беше селектор на француската репрезентација. Последен пат беше тренер во Ал Рајан каде што се раздели во февруари 2022 година.
Тој ќе има за задача да ја прекине доминацијата на ПСЖ, иако тоа е тешко веројатно со оглед дека Парижаните имаат еден од најмоќните тимови не само во Франција, туку и во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА