Љоренте го пропушта стартот на сезоната во Англија поради скршеницата на рамото

Напаѓачот на Свонси, шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Премиер – лигата, со оглед дека се уште се опоравува од скршеницата на рамото што ја заработи на крајот на јуни, и тоа на бизарен начин, откако на летен одмор со семејство падна од велосипед. Тој минатата сезона беше најдобар стрелец на клубот со 15 постигнати гола.

„Мислам дека нема да биде вклучен во првите неколку мечеви. Сезоната ќе ја почнеме без него, тоа е апсолутно јасно, но се надевам дека брзо ќе се приклучи и ќе ни помогне“, изјави Пол Клемен, менаџерот на Свонси.

Неговиот тим во првото коло ќе му гостува на Саутемптон на 12 август, а во второто коло ќе го пречека Манчестер јунајтед на домашен терен. Љоренте, доколку рехабилитацијата се одвива според планот, би можел да се приклучи во составот на Свонси од третото премиерлигашко коло.

 

Се вчитува...