Лоренцо Браун е МВП на „плеј-ин“ фазата во Евролигата

Кошаркарот на Макаби, Лоренцо Браун е прогласен за МВП на плеј-ин фазата во Евролигата. Во плеј-инот, израелскиот клуб едноставно ја „разби“ Басконија со 113-85 и со освојувае на седмото место закажа дуел со второпласираниот Панатинаикос.

Шпанскиот репрезентативец постигна 29 поени, од кои седум тројки, а додаде и пет асистенции, исто толку скокови и една украдена топка, што му беше доволно за да има корисен индекс 35.

Треба да се напомене дека ова е првпат некој играч да ја добие оваа награда, бидејќи овој тип на систем се игра за прв пат оваа сезона.

Се вчитува...