Лоренцо Браун заминува од Макаби

Кошаркарот на Макаби, Лоренцо Браун, најверојатно ќе го напушти Макаби на крајот на сезоната. Американскиот кошаркар, кој има и шпанско државјанство, изгледа ја заврши својата двегодишна епизода во Израел.

Според локалните медиуми, тој не се очекува да остане во Тел Авив. Она што може да биде проблем во промената на средината е обештетувањето кое сигурно ќе го бара Макаби, бидејќи договорот на Браун истекува во 2025 година.

Браун сезонава имаше просек од 13,2 поени и 6,1 асистенции во Евролигата. Тој евролигашката кариера ја почна во редовите на Црвена Звезда, чиј дрес го носеше во сезоната 2019/20. Следуваше една сезона во Фенер, па во Уникс, пред да стане член на Макаби во 2022 година.

Се вчитува...