Лоренцо и Маркез „супертим“ во Хонда

Трикратниот Мото ГП шампион, Хорхе Лоренцо во следната сезона ќе вози за тимот на Хонда каде што ќе биде партнер со актулениот првак, Марк Маркез. Лоренцо кој оваа година е дел од тимот на Дукати. Во Хонда доаѓа на местото на  Дани Педроса. Договорот му е на две години.

Со завршувањето на актуелната сезона, Лоренцо ќе заокружи две години во тимот на Дукати, за кој дури минатиот викенд, во Италија, ја забележа првата победа.

Со обединувањето на двајцата големи шампиони, тимот Хонда, во следната сезона ќе има супертим кој се очекува да има апсолутна доминација во „кралската класа“.

 

 

 

Се вчитува...