Лоренцо Инсиње се враќа назад во Серија А

Искусниот италијански напаѓач Лоренцо Инсиње по искуството кое го доби во канадскиот Торонто е подготвен за враќање во европските натпреварувања, потточно во италијанското првенство каде е блиску до потпис со Парма, пренесуваат италијанските медиуми.

Сега 34-годишникот од стартот на својата кариера настапуваше во Италија бранејќи го боите на Наполи каде важи за клупска легенда со 434 настапи, 122 постигнати голови и 95 асистенции.

Преговорите се во тек и наскоро се очекува официјализирање на соработката.

Се вчитува...