Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо ги демантираше гласините дека ќе се повлече од Мото ГП шампионатот. Претходните денови се појавија шпекулации дека искусниот шпански мотоциклист планира да ја заврши кариерата, што беше демантирано од самиот Лоренцо.
„Бев изненаден кога слушнав за моето заминување во пензија. Денеска се пишуваат секакви работи во медиумите. Јас ви велам дека тоа е потполна лага. Нормална работа е во кариерата да имаш и падови, но јас сум се уште тука“, изјави Лоренцо.
Најбрзите мотоциклисти во светот се наоѓаат во Филип Ајланд, каде в недела ќе се вози трката за Големата награда на Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА