Хорхе Лоренцо нема да биде дел од трката во Тајланд во рамките од Мото ГП шампионатот, по тешкиот пад на Шпанецот во текот на вчерашниот ден за време на слободниот тренинг.
„Прегледите покажаа мала пукнатина на коска, така што нема поента да ризикувам да дојде до нов пад и повреда што би била многу потешка. И доколку се борев за титулата ќе беше многу тешко да настапам, а не вака кога реално немам резултатски притисок. Ќе биде многу тешко да се појавам и на следната трка во Јапонија, но да видиме како ќе тече рехабилитацијата“ – изјави Лоренцо.
Хорхе Лоренцо се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман со вкупно 130 бода и огромна заостанување зад водечкиот Марк Маркез (246), кој е следен од Довициозо (174) и од Валентино Роси (159).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА