Лоренцо се враќа во Јамаха како тест возач

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо потврди дека следната сезона ќе биде тест возач на јапонскиот производител на мотори, Јамаха. Лоренцо ја заврши кариерата на крајот на минатата сезона во Мото ГП, по лошата сезона која ја имаше во таборот на Хонда.

„Среќен сум што можам да кажам дека потпишав договор со Јамаха, во која ќе бидам тест возач. Сакам да му помогнам на тимот најдобро што можам и се надевам дека моето искуство ќе им помогне на возачите и механичарите како би можела Јамаха повторно да ја освои титулата“, порача Лоренцо.

Најголемите успеси во кариерата 32-годишникот ги имаше во кралската класа, каде со Јамаха освои три шампионски титули (2010, 2012 и 2015 година).

 

Се вчитува...