Олимпик Лион го забележа првиот пораз сезонава во француската Лига 1 откако загуби на гостувањето кај Лориен со 3-1 во заостанатиот натпревар од 2. коло.
Домаќините по само шест минути игра стигнаа до водство од 1-0 со голот на Ле Фе. Александер Лаказет во 28. минута израмни на 1-1, а до крајот на првите 45 минути Лориен повторно стигна до водство со голот на Мофи во 33. минута.
Конечните 3-1 ги постави Оутара во 49. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА