Италијанскиот калчолигаш Рома е заинтересиран за германскиот интернационалец Лорис Кариус. Тој најверојатно ќе замине од Бешикташ ова лето, со оглед дека настапуваше како позајмен играч минатата сезона, а враќањето на „Енфилд роуд“ покрај Алисон Бекер и не е најдобра опција за него.
Новиот тренер на „волчицата“, Пауло Фонсека, веќе донел одлука дека Робин Олсен нема да биде прв голман следната сезона и ќе се обиде да го убеди Кариус да пристигне на „Олимпико“.
Кариус минатата сезона имаше 35 настапи за Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА