Љорис: На „Сантијаго Бернабеу“ без страв, туку со уживање

Голманот на Тотенхем, Хуго Љорис е убеден дека неговиот тим нема да подлегне на атмосферата на „Сантијаго Бернабеу“, на вечерашното гостување против актуелниот европски првак во рамките од третото коло во Лигата на шампионите. Двата тима ќе влезат во овој меч со по шест бода на своето салдо, што е доволна причина „спарси“ да не чувствуваат притисок, туку да уживаат што се дел од претставата на еден од најпознатите светски стадиони.

Немаме што да загубиме, затоа и сум убеден дека нема да има никаков страв кај нас на дуелот со Реал Мадрид. Напротив, со нетрпение го очекуваме натпреварот против најдобриот европски клуб во последните неколку години, да се сретнеме со најдобрите играчи во Европа. Секогаш има простор за докажување, но дуелот со Реал дефинитивно ќе биде посебен за нас. Нема да отстапиме од нашиот стил на игра, агресивно во одбраната и со што поголем посед над топката“ – изјави Љорис.

Левиот бек Бен Дејвис дефинитивно нема да игра во Мадрид, но добра вест за „спарси“ е враќањето на Дени Роуз, кој би можел да настапи на вечерашниот натпревар.

Се вчитува...