Лорис не „мрда“ од Тотенхем, потпиша нов договор до 2024 година

Голманот и капитен на Тотенхем, Хуго Лорис потпиша нов договор со екипата од Лондон, со кој се обврзува да остане меѓу диреците до 2024 година.  Голманот одигра 395 натпревари за лодонскиот тим од 2012 година до сега и стана 14-ти играч со најмногу настапи на сите времиња.

„Сакаме да искажеме задоволство што Лорис потпиша нов две и пол годишен договор со нашиот клуб“, објави Тотенхем.

Лорис е прв голман кој што има 100 „чисти мрежи“ во Тотенхем во историјата. За својата селекција одигра 136 натпревари. Во 2018 стана прв играч на Спарс кој што го подигна трофејот на светското првенство.

Се вчитува...