Динамо приреди вистинско шоу во Загреб откако успеа да се пласира во четвртфиналето од Лига Европа, совладувајќи го Тотенхем во 3-0, со што „модрите“ ја надокнадија негативата од првиот натпревар одигран во Лондон (2-0).
Херојот на загрепчани беше Мислав Оршиќ кој три пати најде начин да ја „протне“ топката во мрежата на Хуго Лорис, па голманот на Тотенхем по мечот воошто не беше расположен, а изданието на својот тим го оцени како срамотно.
„Многу сме разочарани. Едноставно, ова е срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се осеќаат одговорни за оваа ситуација бидејќи навистина е срамота. Што повеќе да кажам? Сите сме одговорни, а вкуснот на поразот е повеќе од само болен. Очигледно е дека сме амбициозни, но она што го прикажаме на паркетот е рефлекција на она што се случува во клубот. Европскиот фудбал е толку квалитетен што доколку не покажете почит кон противникот, следи казна. Тоа и се случи. Заслугите запишете им ги на Динамо, одиграа натпревар со верба во себе. Но ние сме само ние, сите во составот и во клубот“ – изјави капетанот на лондонскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА